Дома Фудбал Специјалци на Мосад ќе го чуваат новиот тренер на Црвена Звезда

Специјалци на Мосад ќе го чуваат новиот тренер на Црвена Звезда

Барак Бахар од следната сезона ќе биде тренер на Црвена ѕвезда, пренесуваат српските медиуми.

Поранешниот стратег на Макаби од Хаифа ќе пристигне во Белград по завршувањето на актуелната сезона.

Бахар ќе има специјална заштита од својата земја во Белград, односно ќе биде придружуван од неколку агенти од државните органи.

Израелски специјалци ќе го штитат Бахар во Србија, исто како што ги штитат и останатите спортисти во другите земји.

Израелецот ќе биде најплатен тренер во историјата на српскиот фудбал со плата од 750.000 евра годишно, плус 250.000 евра за неговите помошници.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Алонсо му ја отвора вратата за заминување на Густо – ќе реагира ли Ливерпул?

Според новите информации, Мало Густо не е меѓу првите избори на Чаби Алонсо во Челси, а Ли…