Дома Топ вести Арсенал тргнува по дефанзивецот на Барселона

Арсенал тргнува по дефанзивецот на Барселона

Арсенал покажува сериозен интерес за дефанзивецот на Барселона, Ерик Гарсија пренесуваат медиумите на Островот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


22-годишниот дефанзивец пристигна како слободен агент од Манчестер Сити во јуни 2021 година и се очекуваше да биде големо засилување.

Меѓутоа, Гарсија не ги оправда очекувањата, па оваа сезона главно е на клупата за резерви. Во Барселона веруваат во неговиот потенцијал, но сметаат дека во моментов на „Камп Ноу“ нема простор за него.

Поради тоа Барселона е спремна да го продаде на лето и да заработи на неговиот трансфер, а како негова замена сака да го донесе Иниго Мартинез како слободен агент.

Таквата ситуација сака да ја искористи Арсенал, кој е спремен да понуди 20 милиони евра за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…