Пред две години на денешен ден македонската фудбалска репрезентација оствари историска победа победувајќи ја Германија во Дуизбург.
Избраниците на Игор Ангеловски на гостински терен ја победија Германија со 1:2 и тоа во натпревар во кој не добија чист пенал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонија како голем аутсајдер влезе во натпреварот, но на теренот „рисовите“ одиграа фантастичен фудбал и го срушија силниот германски тим. „Панцерите“ се најтрофејниот тим кој паднал пред Македонија.
Прв мрежата на Тер Штеген ја затресе Горан Пандев кој погоди откако топката се одби по ударот на Барди. Гундоган со гол од пенал во 62-та минута донесе изедначување за Германија. Македонија не доби пенал кога Емре Чан во 77-та минута играше со рака во шеснаесетникот, а само три минути подоцна Тимо Вернер пропушти голема прилика за Германите.
Казната стигна во 85-тата минута Елмас стрелаше и за историска победа. Преку тие квалификации Македонија подоцна избори бараж за Светското првенство каде што ја победивме Италија во полуфиналето, но во финалето бевме поразени од Португалија.