Дома Македонски спорт Мак ракомет „Комити“ функционираат како семејство: Платени сите казни за навивачите во дербито против Еурофарм Пелистер!

„Комити“ функционираат како семејство: Платени сите казни за навивачите во дербито против Еурофарм Пелистер!

Последното ракометно дерби помеѓу Вардар и Еурофарм Пелистер кое заврши со победа на Вардар помина и со многу инциденти на терените.

Во инцидентите беа вклучени и навивачите на Вардар „Коитите“, а дел од нив добија казни и прекршочни пријави за однесувањето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес на Фејсбук страницата на навивачката група беше објавено дека казните на навивачите се платени.

„Собирот пред С.Ц. Јане Сандански помина одлично. Дружба на генерации Вардарови навивачи, заедничка песна на комитските екипи од сите населби и подгрупи и сето крунисано со победа на теренот и на трибините!

Групата одлучи паричните средства за казните кои стигнаа до нашите членови, да ги покрие во целост. Никогаш нема да дозволиме дивеење и напад врз симпатизерите на клубот. Одговоривме така како што заслужија!

Во сабота, да ја наполниме трибината – да грми за Вардар наш!“, стои во објавата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…