Дома Фудбал Останато Чудни вести од Србија: Партизан пушти фудбалер од Мали да игра за репрезентацијата, сега никој не знае каде е!

Чудни вести од Србија: Партизан пушти фудбалер од Мали да игра за репрезентацијата, сега никој не знае каде е!

Чудни вести ни доѓаат од соседството од редовите на ФК Партизан.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Партизан во сабота гостува во Нови Сад каде што ќе игра натпревар против Војводина. Црно-белите се трети во Суперлигата и се борат за втората позиција која на лето би им овозможила квалификации за Лигата на шампионите.

Меѓутоа тренерот Игор Дулај сега има проблем кој нема врска со играта на теренот. Имено, во Партизан не се појави Фусени Дијабате, фудбалерот од Мали кој се уште не пристигал во Белград по репрезентативната пауза.

Дијабате требаше да игра за Мали против Гамбија во двомечот од квалификациите за Купот на Африканските Нации. Меѓутоа место да дебитира тој не беше ниту во протоколот. Потоа не се појави ниту во матичниот клуб. Што се случува не знаат ниту во Партизан.

„Дијабате не е тука. Ако ме прашувате каде е, засега немам никаква информација“, изјави тренерот на Партизан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Се поклопија резултатите: БиХ ќе игра во нокаут-фаза на СП 2026

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина обезбеди место во нокаут-фазата на Светс…