Според последните информации од Турција, Мауро Икарди би можел да се врати во Италија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Од Галатасарај сакаат да го откупат неговиот договор, но Икарди наводно преферира враќање во Италија, а тоа би можел да го искористи Милан кој би сакал да го види во своите редови. Милано е добро позната дестинација за Икарди со оглед на тоа што претходно го носеше дресот на Интер.
Исто така се пишува и дека интерес за услугите на аргентинскиот напаѓач покажал и Жозе Мурињо со Рома.
На 14 натпревари за Галатасарај Икарди постигна девет гола и подели шест асистенции.
Интересно е што кога неговиот приватен живот е во прашање изгледа дека напаѓачот повторно е во врска со Ванда Нара кој објавува фотографии заедно со него. Икарди засега не се огласил на оваа тема.