Сопственикот на англискиот клуб Ротерам Јунајтед, Тони Стјуард кој се натпреварува во Чемпионшип беше во посета на македонскиот второлигаш Воска Спорт.
Тој се сретнал со сопственикот на Воска, Нефи Усеини и е задоволен од тоа како клубот работи.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Сопственикот на Воска Спорт прави навистина добра работа за клубот. Во фудбалот сум 15 години, а тој е само пет години. Разговараме и го поканив да дојде во Велика Британија да го види нашиот стадион и да видиме дали има можност да продолжиме напред.
Мислам дека можам да видам дека во рок од пет години Воска може да стане клуб што луѓето овде во Македонија ќе го сфаќаат сериозно. Мислам дека се инвестира благодарение на заложбата на добар бизнисмен.
Ги видов терените за тренинг и знам дека иднината е добра за Воска. И тоа е добро и за Македонија, па со нетрпение очекувам соработка. Тој наскоро ќе дојде во Ротерам, сигурно можеме да ги средиме работите“, изјави Стјуард.
Претходно со сопственикот на Воска Спорт се сретна и премиерлигашката ѕвезда Брајан Дин.