Како и што се најавуваше по прес-конференцијата по ремито со Саутемптон (3:3) на која Конте отворено ги критикуваше фудбалери, раководството, но и културата на клубот, Италијанецот доби отказ.
Меѓутоа, иако досега во најголемите клубови навикнавме тренерите да доаѓаат и заминуваат со свој стручен штаб, сега тоа не е случај во Тотенхем. Имено, најблиските соработници на Конте одлучиле да останат во клубот.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Сите луѓе од стручниот штаб на Конте, освен неговиот брат Џанлука останале во клубот.
Привремено тренер во Тотенхем по неговото заминување ќе биде Кристијан Стелини.