Дома Фудбал Останато Вардарци спасувале патник на летот кон Виена

Вардарци спасувале патник на летот кон Виена

Ракометниот тим на Вардар отпатува во Виена каде што утре македонскиот и европскиот шампион ја започнува одбраната на титулата против тимот на Висла Плоцк, но во ракометарите како и сите во авионот биле сведоци на една невообичаена ситуација.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Авионот полетал, но само неколку моменти подоцна анонимен патник колабирал, но за среќа на помош пристигнале физиотерапевтите на европскиот шампион Димитар Маневски и Виктор Стојанов, сооптшуваат од клубот.

Вардарците одлично си ја завршиле работата, па наскоро на патникот му била вратена свеста, па пилотот можел безбедно да го продолжи летот, за по пристигнувањето на авионот во Виена тој да биде превземен од медицински тим на аеродромот.

Вардар натпреварот против Висла Плоцк како што кажавме го игра утре со почеток во 19:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Џастин Гејчи го шокираше целиот свет и му го промени личниот опис на Топурија (Видео)

Џастин Гејчи го изненади целиот свет. Во брутална борба, една од најголемите досега, која …