Дома Македонски спорт Мак фудбал Милевски: Не ми е јасно зошто добив црвен картон

Милевски: Не ми е јасно зошто добив црвен картон

Македонската фудбалска репрезентација вечерва забележа важна победа против Малта на стартот од квалификациите за Европското првенство.

Во финишот на натпреварот селекторот Милевски заработи црвен картон, а по средбата истакна дека и него не му е јасно зошто го добил.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Честитки до момците за желбата која ја покажаа, како и за тактичката дисциплина. Не ми е јасно зошто го добив црвениот картон, јас го напуштив мојот простор, а тоа е жолт картон. Главниот судија немаше проблеми, одлуката беше на четвртиот“.

Најзадоволен сум од прикажаната енергија, се повеќе наликуваме на онаа репрезентација која сакаме да бидеме. Штета, за таа самодоверба што не победивме со повеќе гола. Во првото полувреме имаше ситуации каде што требаше порано да завршуваме со шут на гол, но кога цела нација чека нешто од вас притисокот е голем, а овие момци го сакаат најдоброто за тимот и репрезентацијата.

Играта на Малта за Милевски не било изненадување.

Очекував и подобро издание од Малта, но ние не дозволивме повеќе да одиграат. Воопшто не ме изненадија, како и што кажав пред натпреварот, ова е репрезетација во подем. Со вакви репрезентации секогаш треба да бидете на високо ниво ако сакате да успеете.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…