Дома Фудбал Репрезентации Во чест на Џанлука Вијали: Италија против Англија вечерва ќе игра во специјални дресови

Во чест на Џанлука Вијали: Италија против Англија вечерва ќе игра во специјални дресови

Италија и Англија вечерва ќе играат во Неапол во дербито на првото коло во квалификациите за Европското првенство, овој дуел е и реприза на минатогодишното финале на Европското првенство.

Натпреварот ќе се памети и како прв за актуелниот шампион на Европа по смртта на поранешниот напаѓач Џанлука Вијали.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вијали беше дел и од националниот тим во стручниот штаб на Роберто Манчини, а почина во јануари на 58 години после тешка болест.

 Италијанските репрезентативци против Англија ќе носат специјални дресови со посвета за Вијали. На дресовите ќе стои „Лука, „аѕуро“, засегоаш“.

Инаку, вечерва Италија за првпат по подолго време ќе игра во дресови на „Адидас“ откако имаше долга соработка со „Пума“ која траеше повеќе од деценија ипол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…