Дома Останати Барселона го раскинува договорот со Циндриќ

Барселона го раскинува договорот со Циндриќ

Поранешниот ракометар на Металург и Вардар, Лука Циндиќ ја напушта Барселона, откако клубот го известил дека сака да го раскине договорот, пренесува „Спорт“.

Каталонски „Спорт“ пренесува дека одлуката во Барселона ја донеле поради се почестите повреди на хрватскиот репрезентативец.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Исто така, „Спорт“ пишува дека раскинувањето на договорот со хрватскиот репрезентативец значително ќе ја олесни финансиската состојба во клубот. Покрај Циндиќ, Барселона на позицијата среден бек ги има неодамна потпишаниот Пол Валера од Гранољерс и Словенецот Домен Макуц.

Циндриќ во Барселона пристигна во 2019 година од Келце и потпиша договор до 2023 година. Пред три години потпиша нов подобар договор со Каталонците до 2025, но нема да го одработи до крај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Амбициите на Охрид се шампионски: Пристигна и првиот пивот на грчката репрезентација!

Eкипата на Охрид продолжува сериозно да се засилува за наредната сезона во која ќе влезат …