Дома Фудбал Во Барселона бесни: Лекарскиот тим двапати прави погрешна проценка за Педри и Дембеле

Во Барселона бесни: Лекарскиот тим двапати прави погрешна проценка за Педри и Дембеле

Иако првично требаше да бидат подготвени за претходното „Ел Класико“, Педри и Осман Дембеле ќе мора уште малку да одмараат.

Денеска беше потврдено дека Педри заработи уште една повреда во моментот кога требаше да добие зелено светло. Тогаш се шпекулираше дека тој сигурно ќе биде подготвен за дуелот со Реал во реваншот од полуфиналето на „Копа дел Реј“ на 5. април, но сега пристигнаа нови лоши вести за Каталонците.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според најновата ситуации, Педри ќе мора да паузира можеби и дополнителен месец, до втората половина на април, додека извесно е дека ниту Дембеле нема да биде подготвен за почетокот на април и дуелот со Реал.

Шпанскиот новинар, Тони Хуанмарти пишува дека клубот е загрижен поради оваа конфузија и дека останува нејасно како лекарскиот тим два пати направил погрешна проценка за двајцата играчи.

Наводно, Дембеле треба да се врати пред Педри, но дефинитивно и двајцата го пропуштаат „Ел Класико“ на 5 април, кое на Барселона може да и донесе уште едно финале и да се бори за третиот трофеј сезонава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…