Офанзивниот фудбалер на Челзи, Кристиан Пулишиќ готово сигурно на лето ќе го напушти клубот.
24-годишниот Пулишиќ не е задоволен од својот статус во Челзи и малата минутажа која ја добива, па сака да ја промени средината.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Најсилен интерес за него покажуваат Јувентус и Њукасл, кои веќе ја започнаа битката за неговиот потпис.
Челзи многу се засили во овој преоден рок, па Пулишиќ не е во плановите во клубот. Притоа Американецот влегува во последната година од договорот, па „сините“ се спремни да слушнат понуди.