Откако Уго Лорис одлучи да се повлече од репрезентацијата на Франција беше донесена одлука, Килијан Мбапе да биде новиот капитен на „триколорите“.
Без никакви дилеми, Мбапе е најважниот фудбалер во селекцијата на Дешам, меѓутоа се појавило незадоволство затоа што има само 24 години, како и поради тоа што неколку пати во минатото беше во центарот на вниманието поради нефудбалски работи. Поради овие причини не биле сите убедени дека може да биде вистински лидер на Франција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Незадоволството како што пренесуваат медиумите не го криел Антоан Гризман. Фудбалерот на Атлетико Мадрид, наводно го напуштил состанокот кога Мбапе бил избран.
Гризман сметал дека токму тој треба да ја добие капитенската лента ,пред се што од активните фудбалери само Оливие Жиру кој не е стандарден има повеќже настапи. Гризман зад своето име 117 натпревари за националниот тим и се надевал дека може да го налседи.
Се шпекулира и дека Гризман поради оваа одлука би можел да ја напушти репрезентацијата.