Легендарниот напаѓач од Того, Емануел Адебајор на 39 години објави крај на кариерата.
Тоганскиот се прости од фудбалот со порака на Инстаграм:
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Мојата кариера беше неверојатно патување. Им благодарам на навивачите што беа со мене на секо јчекор. Благодарен сум на се и возбуден за она што следува“, објави Адебајор.
Последен клуб во кариерата на Адебајор беше Семаси. Кариерата ја започна во Мец, а потоа преку Монако дојде во Арсенал каде што ги помина најдобрите денови во кариерата. Во сезоната 2007/2008 постигна 24 гола во Премиер лигата.
Oд Арсенал се пресели во Манчестер Сити, но повеќе никогаш не играше во иста форма како во Лондон, следуваше позајмица во Реал Мадрид, па потоа се врати Англија во Тотенхем.
Го носеше дресот уште на Кристал Палас, Истанбул Башакхшехир, Кајсериспор и Олимпија.