Милан и Интер се едни од најтрофејните и најголеми клубови во Европа, а дербито на Милано, Дела Мадонина, едно од најубавите на светот.
Миланското дерби важи за едно од најцивилизираните дербија на светот, па и покрај големото ривалство никогаш не се случуваат инциденти, а двете навивачки друпи имаат договор за ненапаѓање.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Денес Интер ја покажа својата големина и покажа колку се грижи за добрососедските односи, откако преку својот официјален Твитер профил му посакаа брзо опоравување на фудбалерот на „росонерите“ Андреа Конти по тешката повреда на коленото.
„Оздрави побрзо Андреа Конти! Се надеваме дека ќе те видиме назад на теренот за второто миланско дерби во еден прекрасен натпревар.“, напишаа „нераѕурите“.
Само неколку минути подоцна Милан со аплауз го поздрави ваквиот гест на „нероаѕурите“.
??
— AC Milan (@acmilan) September 15, 2017
Првото дерби на Милано на програмата е на 15.октомври и веќе е целосно распродадено ОВДЕ.