Дома Фудбал Ракитиќ откри како Реал и помогнал на Барселона

Ракитиќ откри како Реал и помогнал на Барселона

Барселона оваа сезона имапе силен старт, освоија три натпревари во шампионатот и славеа против Јувентус во ЛШ. Хрватскиот фудбалер, Иван Ракитиќ откри како најголемиот ривал, Реал Мадрид, им помогнал на Барса.

„Поразот од Реал во Суперкупот не зближи и ни помогна силно да влеземе во шампионатот и Лигата на Шампионите. Беше многу важно да започнеме вака против силните екипи (Јувентус) кој не елиминираше минатата година и мислам дека е многу тешко да играте против нас кога играме на нивото како што игравме во вторникот“, изјави Ракитиќ кој игра во одлична форма, а еден од причините за тоа е и новиот тренер, Ернесто Валверде.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Секој тренер има свои идеи, гледам дека Валверде има доверба во мене. Се чувствувам удобно и ќе продолжам да се борам за своето место“

Во сабота, Барселона гостува кај Гетафе во рамките на четвртото коло од шпанската Ла Лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Потврдена лоша вест: Барселона без Рафиња и во потенцијалното полуфинале на Лигата на шампионите

Капитенот на Барселона, Рафиња, се здоби со нова повреда на задната ложа поради што ќе мор…