Арсенал спрема големо засилување во нападот во летниот преоден рок.
Англиските медиуми пренесуваат дека прва желба е ѕвездата на Баер Леверкузен, Муса Диаби, кого Арсенал го сакаше и во зимскиот преоден рок.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
23-годишниот крилен напаѓач игра фантастично и го привлече вниманието на многу европски гиганти, но Арсенал сака да ја победи конкуренцијата.
Французинот во досегашниот дел од сезоната има 12 гола и 7 асистенции, но Леверкузен за неговата слобода бара 100 милиони евра.
Арсенал ја загуби битката за Мудрик, па сега ќе направи се за да го доведе Дијаби, а за неговиот потпис е спремен да плати 70 милиони евра.