Дома Фудбал Останато Судии суспендирани откако продолжиле натпревар за 42 минути

Судии суспендирани откако продолжиле натпревар за 42 минути

Фудбалскиот сојуз на Боливија суспендираше шест судии откако еден натпревар од националното првенство го продолжија дури за 42 минути.

Палмфор во понеделникот го победи Блуминг со 3:2 во натпревар која траеше 132 минути. Судијата Хулио Гутиерез го продолжи натпреварот за неверојатни 42 минути поради видео прегледот на вториот гол на Палмфор и тепачката која следуваше после двата црвени картони доделени на фудбалерите на Блуминг.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Судиската комисија на Фудбалскиот сојузна Боливија донесе одлука за суспензија на судиите.

Фудбалскиот клуб Блуминг се огласи на Твитер и наведе дека судиите ги довеле фудбалерите во голем ризик со преголемото продолжение.

Еден од директорите на Палмфор е поранешен претседател на Боливија, Ево Моралес тој порача дека неговиот тим победил и покрај сомнителните судиите. Моралес беше претседател на Боливија од 2006 до 2019 година. Пламфор оваа година влезе во првата лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барселона го загуби спорот за Бразилецот Малком

Судот за спортска арбитража соопшти дека е одбиената жалбата на Барселона за спорот во врс…