Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти беше задоволен после пласманот во четвртфиналето на Лигата на шампионите, откако го елиминира Ливерпул.
„Игравме и добро го контролиравме натпреварот. Не се браневме во низок блок и се трудевме да бидеме силни и сигурни на топката. Имавме шанси и бевме цврсти. ЛШ останува многу тежок турнир, но нашата цел е да се претставиме добро и да го освоиме“, изјави Анчелоти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Карло Анчелоти откри дека со Јирген Клоп го коментирале пеналот кој го доби Манчестер Сити против Лајпциг.
„Му кажав на Клоп дека пеналот за Сити против Лајпциг е лудост. Им реков да внимаваат со тоа, бидејќи не е фудбалски да се добиваат такви пенали во Лигата на шампионите. Мислам дека никој не забележа, мислам дека дури ни Гвардиола не сфати дека пеналот е досуден во негова корист“, додаде Анчелоти.