Денес се играат последните два осминафинални дуели во Лигата на шампиони, а фокусот секако ќе биде на мечот на „Сантиаго Бернабеу“ помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул.
„Петардата“ од првиот меч на Енфилд одекана низ цела Европа, па Реал со голема предност го дочекува овој меч, а на Ливерпул ќе му биде потребно „чудо“ бидејќи треба да победи најмалку со три гола разлика.
Реал кога ќе ја слушне музиката од ЛШ необично се преобразува
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Реал Мадрид има посебна традиција во Лигата на шампиони и овој тим е како создаден за големи натпревари. И покрај фактот што не игра добро во Примара и заостанува од лидерот Барселона, сепак Реал никогаш не смее да се отпише во ЛШ. Притоа, Анчелоти е тренер кој фантастично ги води своите тимови во завршницата, а тоа го покажа многу пати до сега. Реал само после дваесет минути на Енфилд имаше негатива од два гола, но успеа да победи со неверојатни 2:5. Предноста е голема, но Реал е искусен и знае дека не треба да се потцени противникот бидејќи Ливерпул е еден од најсилените тимови во Европа и лесно може да постигне три гола. Токму искуството се чини дека е најголема предност на овој тим, кој во свиоите редови има играчи кои пет пати го освојуваме најпрестижното натпреварување. Покрај ЛШ, треба да се напомене дека Реал и понатаму е во трка за Купот, каде во првиот меч беше поразен од Барселона на домашен терен, па за неколку дена следи реванш. Реал со една нога е во четвртфинале, па треба рутински да ги одработи овие 90 минути на домашен терен. Што се однесува до тимот Анчелоти за овој дуел нема да може да смета само на Алаба кој е повреден.
На Ливерпул ќе му треба „чудо“
Ливерпул фантастично го започна мечот на домашен терен и после само дваесетина минути имаше предност од 2:0, но потоа следуваше неочекуван пад на играта. Тоа е карактеристика на Ливерпул цела сезона бидејќи игра топло-ладно во сите натпреварувања. Поради тоа тимот на Клоп е непредвидлив, во само неколку дена му даде 7 гола на Манчестер Јунајтед, а потоа загуби од Борнмут. Меѓутоа, овде нема што да загуби и поради тоа се очекува од самиот старт да тргне офанзивно и да се надева што поскоро да постигне прв гол. Тимовите како Ливерпул се најопасни токму во таква ситуација бидејќи имаат врвни фудбалери кои можат да постигнат гол во секој момент. Што се однесува до тимот Клоп за овој меч нема да може да смета на Дијаз, Хендерсон, Бајчетиќ и Алкантара. Токму тоа може да биде и најголем проблем бидејќи недостасуваат многу важни играчи од средниот ред.
Очекување
Дуел на два тима кои играат офанзивно и резултатот од првиот меч не дозволува калкулации туку отворен фудбал од самиот старт, а тоа е предуслов за возбудлив меч со многу голови.