Дома Фудбал Зомер сакаше да го награди Де Лихт со 700 килограми чокаладо, Баерн не дозволи

Зомер сакаше да го награди Де Лихт со 700 килограми чокаладо, Баерн не дозволи

Голманот Јан Зомер му беше благодарен на дефанзивецот и Матијас Де Лихт за интервенцијата на гол линијата откако тој погреши.

Можеше Зомер да им подари гол на „светците“, но за среќа го имаше Де Лихт кој беше тука да ја поправи неговата грешка. Како благодарност за одличната интервенција, Зомер на својот соиграч му вети 700 килограми швајцарско чоколадо.

Имено, чокаладото вчера требало да пристигне во тренинг комплексот на Баерн Минхен, но кога клубот бил информиран, ја стопирал акцијата.

Чокаладото на крајот завршило во банка за храна во Минхен каде што биле пријатно изненадени од неочекуваната донација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Две победи не ги сокрија слабостите: Леко допрва треба да го среди Динамо

Џерко Леко донесе енергија и резултати, но триумфот во Вараждин покажа дека Динамо сè уште…