Фабиан Руиз минатото лето беше еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот, а тој одлучи кариерата да ја продолжи во ПСЖ.
Шпанецот блескаше неколку сезони во Наполи, па интерес за него покажуваа Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, но на крајот ПСЖ ја доби битката за неговиот потпис.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Светците“ за 24 милиони евра го доведоа Шпанецот во Париз и со него потпишаа 4-годишна соработка.
Меѓутоа, Руиз не се снајде баш најдобро во Париз и во системот на игра на Галтие, па сака да ја промени средината.
Тој често е на клупата за резерви и медиумите тврдат дека го известил агетот да му бара нов клуб бидејќи на лето сака да го напушти ПСЖ.