Дома Фудбал Себаљос за Модриќ: Јас играм добро два месеци, а тој 10 години

Себаљос за Модриќ: Јас играм добро два месеци, а тој 10 години

Дани Себаљос игра одлична сезона, иако до пред само неколку месеци не беше во плановите на Карло Анчелоти.

Себаљос не можеше да се избори за минутажа покрај Модриќ и Крос, а сега фановите бараат од раководството да му понуди нов договор и да го задржи во тимот.

Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите


„Не сакам продолжување на договорот ако не го заслужувам. Ми останаа уште три месеци и сакам да играм, а потоа ќе седнам со агентот и ќе донесам одлука. Јас сакам да останам, но сакам клубот да одлучи дали вредам за тоа“, изјави Себаљос.

„За мене е мотивирачки да играм со играчи како Модриќ, тој ми е инспирација. Тој мора да биде пример, јас играм добро два месеци, а Лука игра на највисоко ниво 10-12 години“, додаде Шпанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола по драмата во Лондон одржа луда прес-конференција: О, мој Боже, ја изгубив косата!

Пеп Гвардиола одржа долга и забавна прес-конференција по драматичниот натпревар во кој Ман…