Дома Фудбал Италија Незапаметен интерес: Дербито Интер – Милан распродадено пред еден месец!

Незапаметен интерес: Дербито Интер – Милан распродадено пред еден месец!

Миланските гиганти Интер и Милан полека се будат од „летаргијата“ која ги зафати последните години, па оваа сезона конечно имаат тимови да се борат за самиот врв во Серија А.

Откако добија кинески сопственици миланските гиганти значително се засилија, па оваа сезона се врати ентузијазмот кај фановите. Доказ за тоа е фактот што Интер и Милан оваа сезона продадоа најмногу сезонски билети во Серија А.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Денес италијанските медиуми пренесуваат дека биле распродадени сите карти за дербито „Дела Мадонина“ кое на програмата е на 15 октомври, односно по точно еден месец.

Иако „Сан Сиро“ е секогаш полн за градското дерби, ваков интерес е незапаметен во последните години, а формални домаќини ќе бидат „нероаѕурите“.

Со оглед на фактот што капацитетот на стадионот е 83.000 гледачи, се очекува нов рекорд на заработка од билети во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ван Дајк се извини на навивачите на Ливерпул

Капитенот на Ливерпул Вирџил Ван Дајк се извини на навивачите за настапот на тимот против …