Дома Фудбал Останато Робињо исчезнал откако дознал дека може да биде уапсен!

Робињо исчезнал откако дознал дека може да биде уапсен!

Пензионираниот бразилски напаѓач Робињо (38) и поранешна голема фудбалска ѕвезда со 100 настапи за бразилската репрезентација во Италија е осуден на девет години затвор поради силување.

Во овој момент тој се наоѓа во Бразил, поточно барем така се мисли. Имено, Робињо исчезнал откако стигнала наредба да биде уапсен. Покрај Робињо осуден е и неговиот пријател Рикардо Фалко кој исто така учествувал во настанот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Робињо е осуден пред пет години, а после неговата жалба судењето се заврши минатата година во октомври. Актуелната пресуда е конечна, можност за жалба повеќе нема. Според италијанскиот закон издржувањето на казната мора да започне веднаш. Бразил скоро никогаш не ги испорачува своите државјани, па се донесе одлука Робињо да може да биде на слобода, но не смее да ги напушти границите.

Адвокатот на жртвата, Џакопо Гночи изјави:

„На мојата клиентка и е сеедно дали казната ќе биде одлежена во Бразил или Италија. Важно е да се спроведе правдата и казната да биде издржана. На Робињо не му е сеедно, па кога дозна дека би можел да биде уапсен, исчезна и прашање е дали воопшто се уште е во Бразил“, изјави Гночи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…