Дома Трансфер зона Донарума се враќа во Серија А

Донарума се враќа во Серија А

Џанлуиџи Донарума на лето би можел да се врати во Серија А, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Донарума пред две години го напушти Милан и се пресели во ПСЖ како слободен агент. Во првата сезона беше резерва, а оваа сезона направи многу киксови.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Италијанецот не е задоволен во Париз и би сакал да ја промени средината.

Интерес за него повторно покажува Јувентус и сака на лето да го доведе како замена за Шчешни.

Сепак, Донарума ќе мора да прифати значително намалување на платата, бидејќи моментално заработува 12 милиони евра, а Јувентус е спремен да му понуди 7 милиони плус бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…