Дома Фудбал Што се случува со Асенсио?

Што се случува со Асенсио?

Реал Мадрид во последните три натпревар забележа слаби резултати.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Откако го победија Ливерпул со 5:2 во спектакуларен натпревар во Лигата на шампионите, Реал одигра реми со Бетис и Атлетико, а беше поразен од Барселона. Во овие три натпревари постигна само еден гол (ТУКА).

Тренерот Карло Анчелоти против Атлетико го користеше Асенсио кој во последните седум настапи постигна три гола. Новинарите го запрашаа зошто Асенсио не играше против Бетис, но Анчелоти не откри во целост зошто Асенсио не игра.

„Ги имав Родриго, Карим и Вини. Сметав дека Родриго е во добра форма, а Вини и Карим секогаш можат да направат проблем на противник.

Мислев да пронајдам решение за овој натпревар без Асенсио“, изјави Анчелоти по натпреварот.

Договорот на Асенсио истекува на крајот на сезоната и Шпанецот сака да го продолжи, но Реал не сака да му ја зголем иплатата и понудата која била доставена до фудбалерот не му се допаднала.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тотенхем се пофали со засилувањето од 100 милиони евра!

Тотенхем објави дека го потпиша Матеус Фернандес за 85 милиони фунти. Како ПАМЕТНО да типу…