Дома Фудбал Анчелоти повеќе не е сигурен, Перез одржал говор во соблекувалната

Анчелоти повеќе не е сигурен, Перез одржал говор во соблекувалната

Во натпреварот од 24-тото коло во шпанското фудбалско првенство, Реал Мадрид на гостувањето кај Реал Бетис одигра само 0:0 и така Барселона по завршувањето на ова коло има предност од девет бода на лидерската позиција.

Лошите резултати на Реал во првенството го натерале претседателот Флорентино Перез по натпреварот да влезе во соблекувалната и да одржи говор пред фудбалерите.

„Незадоволството започна откако Реал беше поразен од Барселона во Суперкупот“, пишува мадритски „АС“. По тој пораз, Реал изгуби од Барселона и во шпанскиот куп, но одигра и реми со Атлетико Мадрид.

Шпанските медиуми пишуваат и дека позицијата на Анчелоти повеќе не е толку сигурна. Сепак, не се најавува отказ за брз период Анчелоти би требало секако да ја заврши сезоната, а потоа би можел да стане и селектор на Бразил од каде што има понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Суперкупот на Шпанија се преместува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија ќе има нов дом во 2027 година, откако беше официјално претставен во …