Дома Топ вести Мбапе се пожали: Купи Ферари од пола милион евра, а нема возачка!

Мбапе се пожали: Купи Ферари од пола милион евра, а нема возачка!

Килијан Мбапе вчера стана најдобриот стрелец во историјата на ПСЖ на само 24 години, па потоа одлучи да се почести со Ферари вредно половина милион евра.

Не е ништо чудно фудбалските ѕвезди да си дозволат да поседуваат скапоцени и луксузни автомобили, но за францускиот напаѓач е проблем што тој не поседува возачка дозвола.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Мбапе го купи моделот „Ферари 488 Писта“, но ќе може да го вози дури кога ќе положи.

„Една од лошите страни на ваквиот успех на рана возраст е токму ова. Не успеав да завршам обични работи како што е полагање за возачка дозвола. За многумина тоа е обврска која се завршува на 18-19 години, но мене никогаш не ми беше приоритет и немав многу време. Поради тоа имам приватен шофер“, изјави Мбапе.

Овој автомобил на Мбапе е само уште еден во колекцијата во која има: Мерцедес Бенц ГЛЕ купе, Ауди А6, Мерцедес Бенц V-класа…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Шок за Барселона: Се повреди Левандовски!

Барселона може да плати скапо за вчерашната голема победа против Селта со резултат 4:3 во …