УЕФА преку Одделот за дисциплина донесе одлука да исфрли 11 клубови од европските натпреварувања во наредните три години, поради неисполнување на финансиски обврски.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Три години без настап во Европа ќе бидат Клуж (Романија), Олимпија (Словенија), Ријека и Осијек (Хрватска), Борац Бања Лука (БиХ), Астана и Кизил (Казахстан), Валмиера (Литванија), Коњаспор (Турција), Арис (Грција) и Флоријана (Малта). Причина за ова е доцнењето на платите за фудбалерите подолго од 90 дена.
Дел од овие клубови ќе имаа можност да добијат условна казна, ако ги исполнат сите финансиски услови за претстојните сезони, 2023/24 и 2024/25.
УЕФА им одреди и финансиски казни на овие клубови, па така Клуж ќе мора да плати казна од 250.000 евра, Осијек и Коњаспор по 150.000 евра, а Олимпија 100.000 евра.