Дома Македонски спорт Мак баскет Голем скок на женската кошаркарска репрезентација на ФИБА ранг листата!

Голем скок на женската кошаркарска репрезентација на ФИБА ранг листата!

Голем скок, од дури 13 позиции на светската рејтинг-листа која ја објави Светската кошаркарска федерација, бележи Македонија во оној женски сегмент на рангирањето.

Големата победа на гостувањето во Сараево, во февруарскиот ФИБА „прозорец“, против една од високо рангираните селекции како што несомнено е онаа на БиХ, ги донесе нашите најдобри кошаркарки на одличното 33 место во европскиот, односно на 67 место во вкупниот светски женски кошаркарски поредок.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Во последното, мартовско рангирање на Светската кошаркарска организација, Македонија има вкупни 94.4 бодови, што е втор највисок напредок во изминатиот период која го направила една национална селекција во женски рамки.

Најголем напредок бележи репрезентацијата на Австрија која се искачи за 24 позиции, и во овој момент е на 87 место во светскиот рејтинг.

Ова претставува уште една награда за вложениот труд во изминатиот период, но и еден поттик плус за националниот тим кој го предводи селекторот Александар Ашаданов, во периодот кој следува да се обиде да направи уште подобри резултати.

Лидер во женската кошарка останува селекцијата на САД, пред Кина, Австралија, а во ТОП 5 ранкингот се уште и Шпанија и Канада.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…