Aрсенал оваа сезона игра одлично, во последното коло го разбија Евертон со 4:0 и продолжија да чекорат кон титулата за која се борат со Манчестер Сити.
Наскоро Артета повторно ќе го има на располагање најголемтоо летно засилување, Габриел Жесус кој отсуствува поради повреда. Сепак, Артета сега истакна дека во отсуство на Жесус тимот станал и подобар.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Да бидам искрен, тимот отиде чекор напред откако е тој повреден. Сите ја видовме одговорноста на поединци. Убаво е да се види дека играчите не чекаат цело време едни исти да ја завршуваат работата. Жесус не е ниту блиску, ниту далеку. Следната недела ќе разговараме за тоа“, изјави Артета.
Очекувањата се Жесус наскоро да почне со тренинзи, па полека да се враќа во ритам. Сепак, очигледно нема да има обезбедено место во стартните 11.