Дома Фудбал Англија Повторно ќе се проверува: Може ли Њукасл да остане без милионите од Саудиска Арабија?

Повторно ќе се проверува: Може ли Њукасл да остане без милионите од Саудиска Арабија?

Една од приказните која деновиве е интересна за британските медиуми е повикот до Премиер лигата да го преиспита преземањето на Њукасл од Фондот за јавни инвестиции на Саудиска Арабија.

На раководните лица на Премиер лигата им е препорачано уште еднаш да ги преиспитаат документите кои ги добија при продажбата на Њукасл и тврдењата на новите сопственици дека самата држава Саудиска Арабија нема да има никаков удел во клубот, откако се појавија нови моменти на судењето во Соединетите Американски Држави.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новите документи кои повторно се појавија на површина го поставуваат прашањето за вистинската сопственост и реалниот капитал зад Фондот за јавни инвестиции во сопственост и со кој претседава Јасир Ал Румај од Њукасл.

Документацијата произлезе во случај со Јавниот инвестициски фонд и „ЛИВ Голф“, а тие тврдат дека фондот е директно под влијание на државата, а еден од доказите за тоа е фактот што Ал Румај е еден од министрите во Владата на Саудиска Арабија.

Премиер лигата го одобри преземањето на Њукасл во октомври 2021 година по долга сага и бројни проверки и откако доби „правно обврзувачки гаранции дека на кој било начин нема држава зад фондот и дека државата нема да има никаква контрола врз клубот“.

По новиот развој на настаните, „Амнести Интернешенел“ побара од Премиер лигата повторно да ја разгледа продажбата на Њукасл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Готово: Лампард се договорил со новиот клуб!

Поранешниот фудбалер и денес тренер, Френк Лампард наскоро би требало да биде промовиран н…