Дома Македонски спорт Мак фудбал Комисијата донесе одлука: Минус три бода казна за Гостивар, суспензија и за Христовски!

Комисијата донесе одлука: Минус три бода казна за Гостивар, суспензија и за Христовски!

Откако ФФМ го предаде случајот со фудбалерот на Гостивар, Гордијан Христовски на Дисциплинската комисија денес е донесена одлука на лидерот во втората лига да му се одземат три бода, а паричната казна ќе изнесува 1.000 евра.

Христовски настапи на натпреварот против Пехчево во првото коло од пролетниот дел од сезоната. Натпреварот е регистриран со 1:0 исто ткако и што заврши, сепак на клубот ќе му се одзмеат три бода.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


На фудбалерот Гордијан Христовски му се изрекува дисциплинска мерка – забрана на настап во период од шест месеци.

Ваквата одлука значи дека во Втората лига сега добиваме ситуација на три клуба на врвот со ист број на бодови. Гостивар, Вардар и Воска имаат по 40 и ќе водат жестока битка за промоција во најсилната конкуренција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Челзи тргнува по ѕвездата на Барселона

Челзи ќе се вклучи во битката за дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо, пренесуваат кат…