Дома Фудбал Останато Претседател го избрка тренерот и самиот се постави за нов тренер

Претседател го избрка тренерот и самиот се постави за нов тренер

Претседателот на Сион, Кристијан Константино смени уште еден тренер во низа и се постави себе на таа функција.

Многу пати сме слушале од повеќе тренери сопствениците и функционерите знаат да им се мешаат во работата и да мислат дека подобро ќе ја работат. Сега таков пример ни доаѓа од Швајцарија.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Првиот човек на Сион одлучи да го избрка тренерот Фабио Челестини и да се стави самиот себе за нов тренер. До кога тој ќе го води тимот нее познато. На клубот веројатно нема да му биде лесно да пронајде нов тренер поради лошата репутација која го следи Константино, па неговото водење на тимот може да потрае.

Челестини доби отказ по шест натпревари на клупата во кои забележа два нерешени резултати и четири порази.

Сион после 22 одиграни кола е претпоследен тим на табелата со 22 бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Најмала земја во историјата успеа да се квалификува за Светското првенство

КУРАСАО го освои местото како најмала земја во историјата која се квалификувала за Светско…