Дома Фудбал Останато Швајцарски прволигаш отпушти осум фудбалери, на списокот се најдоа и познати имиња!

Швајцарски прволигаш отпушти осум фудбалери, на списокот се најдоа и познати имиња!

Пандемијата со коронавирусот направи вистински хаос во светот на спортот, а почнаа да се делат откази. Швајцарскиот прволигаш Сион ги отпуштил своите најплатени осум фудбалери за да ги намали трошоците.

„ФИФПро“ (Светското здружение на фудбалери) пред само два дена објави дека стравува од криза во фубдалот поради коронавирусот, а сега започна тоа да се остварува.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сопственикот на Сион, Кристијан Константин ги отпушти најплатените фудбалери за да ги намали трошоците: На списокот на отпуштени фудбалери се најдоа: Пајтим Касами, Алекс Сонг, Ермир Лењани, Хавиер Куаси, Сејду Думбија, Микаел Факинети, Кристијан Цок и Бирама Н’Даје.

Првиот човек на клубот им понудил намалување на платата од 12.350 франци месечно, дел од фудбалерите прифатиле, додека другите задоцниле со одговорот. На крај споменатите осум добиле отказ.

По отказите тие поднеле жалба до здружението на фудбалери на Швајцарија, а постои и можност да се жалат преку ФИФА за Сион во целост да им ги исплати договорите.

Инаку, во Италија се најавува скратување на платите на фудбалерите за 15% до 30%, додека шкотски Хертс побара од фудбалерите да се откажат од половина месечна плата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…