Дома Фудбал Останато Навивачите на Реал збеснаа: Алаба гласаше за Меси пред Бензема во изборот на ФИФА!

Навивачите на Реал збеснаа: Алаба гласаше за Меси пред Бензема во изборот на ФИФА!

Давид Алаба како капитен на Австрија имаше право да гласа во изборот на најдобрите на ФИФА, а со својот избор ги налути фановите на Реал Мадрид.

Имено, Алаба најмногу гласови даде на Меси, иако во најтесна конкуренција беше и неговиот соиграч Бензема. Алаба Меси го ставил на врвот, а потоа следувал Бензема и Мбапе трет.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Од оние кои имаа право на глас, Австриецот е единствениот фудбалер на Реал Мадрид кој Меси го стави на врвот во својот избор.

Големо незадоволство од гласањето на Алаба изразија и навивачите кои дури бараа да го напушти клубот, но и расистички го навредуваа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Милевски откри од кои фудбалери очекувал повеќе денеска

Македонската фудбалска репрезентација денеска одигра само реми против Фарски Острови (1:1)…