Дома Фудбал Кореа доби црвен против Реал, а Атлетико покажа како изгледа неговата нога 📸

Кореа доби црвен против Реал, а Атлетико покажа како изгледа неговата нога 📸

Градските ривали Атлетико и Реал одиграа 1:1 во дербито на колото во Шпанија, а по натпреварот од Атлетико се жалат на судењето.

Диего Симеоне изјави дека има чувство дека секогаш кога игра на „Бернабеу“ ВАР е против неговиот тим, меѓутоа поплаки пристигнуваа и од официјалниот Твитер профил на „јорганџиите“:


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Посебно од Атлетико ја истакнуваат ситуацијата во која Анхел Кореа заработи директен црвен картон.

„ВАР некогаш може да биде во ваша корист, а некогаш против, но кога ние доаѓаме на „Бернабеу“ ВАР секогаш е против нас. Рудигер е висок 194 сантимтери, Кореа е многу понизок, контакт имаше, но не верувам дека беше толку брутален, Рудигер веднаш стана“, гласеше изјавата на Симеоне.

Од Атлетик објавија и фотографија до која напишаа:

„Вака изгледа ногата на нашиот „насилник“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Се огласи Клоп: Се радувам за клубот ако Слот е решението

Од моментот кога Јирген Клоп со видео порака го шокираше фудбалскиот свет, а осо…