Дома Фудбал Дерби на денот: Реал сака да покаже кој е главен во Мадрид

Дерби на денот: Реал сака да покаже кој е главен во Мадрид

Денес на програмата е големото мадридско дерби во Примера, каде Реал Мадрид го пречекува Атлетико Мадрид.

Реал Мадрид заостанува цели 8 бода зад лидерот Барселона, па едноставно нема право на кикс, од друга страна Атлетико се бори за пласман во Топ 4 и бодовите му се прекупотребни, па тоа е предуслов за возбудливо дерби.

Може ли Реал да ја стигне Барселона?

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


Реал Мадрид имаше пад на формата и резултатите после Мундијалот, па Барселона го искористи тоа и моментално има предност од 8 бода на табелата. Меѓутоа,  се чини дека „кралевите“ полека ја враќаат формата, го освоија Светското клупско првенство, а во ЛШ го демолираа Ливерпул. Анчелоти изјави дека Реал не се откажува од титулата во Примера, па поради тоа нема право на кикс, особено не на домашен терен. Реал во одлична атмосфера и со голема самодоверба го пречекува градскиот ривал, кој оваа сезона не игра според очекувањата. Добра вест за Анчелоти е враќањето на Бензема, кој покажа дека е во добра форма и постигна два гола против Ливерпул. Кога е во прашање тимот Анчелоти нема да може да смета на Алаба и Родриго, но тоа не би требало да биде проблем за „кралевите“.

Атлетико го чува четвртото место

Атлетико Мадрид игра лоша сезона, брзо отпадна од трката за титулата, а беше елиминиран во групната фаза од Лигата на шампиони. Моментално се наоѓа на 4-то место на табелата, па тоа ќе биде и целта до крајот на сезоната, да се задржи тоа место кое води во ЛШ. Меѓутоа, тимот на Симеоне во последно време влезе во одлична форма и на последните пет меча запиша четири победи и едно реми. Поради тоа се чини дека ова дерби за „јорганџиите“ доаѓа во идеален момент. Атлетико ќе има мотив и да се одмазди за првото дерби кое го загубија на домашен терен, но тоа се играше во периодот кога Атлетико беше во лоша форма и играше катастрофално. Што се однесува до тимот Симеоне нема да може да смета на Регилон и Де Паул.

Очекување

Мадридското дерби е секогаш непредвидливо, но Реал секако е во предност поради квалитетот и поради домашниот терен. Реал секогаш кога е најпотребно игра најдобро, па поради тоа веруваме дека ќе ги освои трите бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Трамп: Можна промена на домаќините на Светското првенство 2026

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека е подготвен да …