Дома Фудбал Англија Њукасл го продолжи договорот со еден од најважните фудбалери

Њукасл го продолжи договорот со еден од најважните фудбалери

Тимот на Њукасл игра одлична сезона во Премиер лигата, а во недела овој тим ќе се обиде да дојде до трофејот во Лига Купот, противник во финалето ќе им биде Манчестер Јунајтед.

Пред овој натпревар, Њукасл објави дека договорот го продолжил Мигел Алмирон. Алмирон ја продолжи соработката на 3.5 години. Во Њукасл Алмирон дојде од Атланта и веќе собра 150 натпревари за премиерлигашот.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


„Не чека важен натпревар, а колку и да сум среќен за новиот договор, поважно ми е да го прославиме трофејот во недела“, изјави Алмирон.

Финалето од Лига Купот на програмата е во недела од 17:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фамилијата Анчелоти пред враќање на “Бернабеу”

Давиде Анчелоти, синот на Карло Анчелоти, може да го замени Чаби Алонсо како главен тренер…