Дома Фудбал Халанд го искоментира Мбапе: Едноставно феноменален!

Халанд го искоментира Мбапе: Едноставно феноменален!

Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе важат за двајца најдобри млади фудбалери во светот и сигурно во следните години ќе бидат големи ривали за „Златната топка“.

Халанд даде свој коментар за Кмабе во француските медиуми и упати само пофални зборови.

„Имате среќа што Мбапе игра за Франција. Би сакал да игра со мене за Норвешка, но тоа е невозможно. Мбапе е неверојатен играч“, изјави Халанд.

„Тој е многу брз и силен и веќе игра многу години на највисоко ниво. Само две години е постар од мене? Тоа е лудо. Тој има уште 10 години играње на врвно ниво. Едноставно феномен“, заклучи Норвежанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клубската минутажа му дава надеж на Седлоски за пресврт во Глазгов

Македонија против Шкотска ќе се обиде да ја прекине серијата од четири порази. Седлоски оч…