Дома Фудбал Осимен: Не ме интересира ниту Јунајтед, ниту Челзи!

Осимен: Не ме интересира ниту Јунајтед, ниту Челзи!

Ѕвездата на Наполи, Виктор Осимен, изјави дека во овие моменти не го интересира никаков трансфер и дека е целосно фокусиран на настапите за италијанскиот тим.

Осимен со неговите настапи привлече голем интерес од европските гиганти, а меѓу нив се Манчестер Јунајтед и Челзи.

Тој со 18 постигнати голови е прв стрелец во Серија А, а медиумите тврдат дека за него ќе пристигнат богати понуди на лето.

„Во моментов не ме интересира ниту Јунајтед, ниту Челзи. Ме интересира само Наполи и ништо друго. Што ќе се случи со мене и Наполи, ќе видиме на крајот на сезоната“.

„Нормално е европските гиганти да следат фудбалери кои се во форма, но тоа мене не ми создава притисок. Имаме многу работа во клубот и на одличен пат сме да направиме нешто големо оваа сезона“, кажа Осимен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клубската минутажа му дава надеж на Седлоски за пресврт во Глазгов

Македонија против Шкотска ќе се обиде да ја прекине серијата од четири порази. Седлоски оч…