Дома Фудбал Англија ФА ги казни Ливерпул и Евертон

ФА ги казни Ливерпул и Евертон

Фудбалскиот сојуз на Англија (ФА) парично ги казни Ливерпул и Евертон поради неспортско однесување на фудбалерите во градското дерби во Премиер лигата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ливерпул на 13-ти февруари како домаќин го победи Евертон со 2:0, а инцидент се случи во 86-тата минута кога неколку фудбалери на двата тима влегоа во судир. На инцидентот претходеше неспортско однесување на фудбалерот на Ливерпул, Ендру Робертсон и голманот на Евертон, Џордан Пикфорд,

ФА соопшти дека двата клуба не се погрижиле доволно нивните играчи да се однесуваат на начин како што треба. Евертон е казнет со 40.000 фунти,

Ливерпул со 25.000. Казната за Евертон е повисока поради претходните предупредувања за неспортско однесување во текот на натпреварот против Кристал Палас на почетокот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Артур“ му се заканува на Светското првенство – натпреварот меѓу Португалија и Конго под знак прашање?!

Дојде во прашање одигрувањето на натпреварот од Група К на Светскиот првенство помеѓу Порт…