Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски најверојатно ќе го прекине договорот со Фенербахче, пренесуваат турските медиуми.
Сепак, Алиоски сака да остане во Турција, а интерес за него покажува Истанбулспор.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Според „Сабах“, тренерот на Фенербахче, Жорге Жесус, не е задоволен од дисциплината на Алиоски.
Истанбулспор сака да го доведе како слободен играч, а доколку се реализира трансферот Алиоски ќе игра заедно со Валон Етеми.
Оваа сезона македонскиот репрезентативец за Фенербахче запиша еден гол и две асистенции во 20 настапи.