Бурни реакции во македонската фудбалска јавност предизвика ситуацијата со фудбалерот на Гостивар Гордијан Христовски.
Христовски настапи за Гостивар во првиот натпревар од пролетниот дел на сезоната, а наводно тој немал право за настап затоа што не можел биде регистриран.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наводно Христовски немал право на настап поради тоа што веќе настапувал за два клуба во оваа сезона, и не е дозволено да игра за трет во една иста сезона.
Oд Гостивар се огласија и порачаа дека сите нивни фудбалери имаат лиценца од ФФМ за право на настап.
Одлуката за евентуална казна за Гостиварци која може да значи службена побеа за Локомотива во тој натпревар, но и дополнително одземање на бодови ќе биде донесена во петок, соопштија од ФФМ.
„Комисијата за натпреварување во рамки на ФФМ откако ќе го добие писмениот извештај од Комисијата за верификација за случајот “спорна регистрација за фудбалер на ФК Гостивар”, ќе одлучува по случајот согласно прописите од правилникот за натпреварување.
Седницата на која Натпреварувачката комисија ќе одлучува е закажана во петок, 24. февруари“, стои во краткото соопштение од Фудбалската федерација на Македонија.