Дома Фудбал Лига на шампиони „37-годишниот Модриќ поминуваше покрај играчите на Ливерпул како да ги нема“

„37-годишниот Модриќ поминуваше покрај играчите на Ливерпул како да ги нема“

Реал Мадрид вчера со 2:5 славеше на гости против Ливерпул, а со овој триумф избраниците на Карло Анчелоти му го нанесоа на Ливерпул најтешкиот пораз во историјата на европските натпреварувања.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Голема улога во победата на Реал одигра и Лука Модриќ, поафалби за хрватскиот играч за врска по натпреварот испрати и легендарниот Тиери Анри.

„Кога ќе видите играч како Лука Модриќ во неговите години така да владее со топката и со полна енергија да поминува низ средниот ред како да ги нема фудбалерите на Ливерпул, а потоа да ги разигрува Винисиус и Бензема, тогаш ви е јасно дека нешто не е во ред“.

„Ми изгледаше како играчите на Ливерпул да не даваат се од себе, овој тим во овој момент не е доволно добар и мора да пронајде нов рецепт како да функционира. Мораат да ја подигнат главата и да спасат што може да се спаси до крај на сезната“, изјави Анри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Колумбијци го провоцираа Џака со српско знаме

Швајцарија беше последната репрезентација што си осигура Пласман во четвртфиналето на Свет…