Дома Фудбал Лига на шампиони Анчелоти: Бензема ќе биде стартер против Ливерпул, имам само една дилема

Анчелоти: Бензема ќе биде стартер против Ливерпул, имам само една дилема

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ги потврди добрите вести за состојбата на Бензема пред утрешниот дуел со Ливерпул.

Анчелоти потврди дека Бензема е спремен и ќе биде стартер, а тренерот има само една дилема за стартниот тим.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Бензема е добар и утре ќе биде во стартниот состав. Споменот на претходната сезона уште е пресен, а финалето во Париз беше возбудливо. Меѓутоа, сега е поразлично, станува збор за два меча“, изјави Анчелоти.

„Отсуството на Чуамени и Крос е нешто непредвидливо, но не ме загрижува. Кој и да игра утре сигурен сум дека ќе се претстави добро. Имам само една дилема, дали да излезам со тим кој ќе има поголема контрола или со поофанзивен тим“, додаде Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Вo Арсенал се обиделе да ангажираат играч од Баерн Минхен на крајот од јануари

Лидерот во Премиер лигата, Арсенал, направил изненадувачки потег и се обидел да го привлеч…