Дома Фудбал Лига на шампиони Клоп: Ова е еден од најголемите натпревари во светот

Клоп: Ова е еден од најголемите натпревари во светот

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека дуелот со Реал Мадрид е еден од најголемите натпревари во светот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Клоп со нетрпение го очекува дуелот со „кралевите“ и потврди дека има шанси Нуњес да игра.

„Среќен сум што ќе играме таков натпревар сега, а не пред неколку седмици. Реал е еден од најголемите клубови во светот, а ова е еден од најголемите натпревари во светот. Очекувам „Енфилд“ да биде на нозе“, изјави Клоп.

„Мораме да одиграме два одлични натпревари за да поминеме. Реал не мора да игра ништо посебни, но сепак ќе имаат шанса. Го почитувам и му се восхитувам. Тие имаат тим од светска класа и донесоа возбудливи млади играчи. Нема потреба да се сеќаваме на финалето во Париз, ова ќе биде поинаков двомеч“, додаде Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Aлегри може да добие отказ, се најавува и кој би го наследил!

Борбата за водечката позиција на табелата за Милан се претвори во мачна борба за пласман в…